19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ го претстави концептот „EQG“ - електричната „G-Class“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes“ го претстави концептот „EQG“ – електричната „G-Class“ (ФОТО/ВИДЕО)

Кога актуелниот „Mercedes G-Class“ дебитираше на саемот во Детроит во јануари 2018-та година, германскиот производител објави дека легендарниот теренец, кој се произведува од 1979-та година, ќе биде вклучен во електрификацијата.

Деновиве ветувањето од 2018-та година е исполнето. На саемот во Минхен, „Mercedes“ на јавноста и го претстави концептот„ EQG“, односно „G-Class“ на електрична енергија.

Дизајнот не е значително променет во споредба со стандардниот модел, па автомобилот е препознатлив на прв поглед.

Визуелно се разликува од верзијата со „SUS“ моторите само во некои стилски детали кои го нагласуваат „електричниот карактер“ на концептот „EQG“.

Основната конструкција со класичната шасија е задржана, а со цел „EQG“ да има својства на врвен „SUV“, системот за суспензија е изменет само до степен потребен за новиот погон.

Имено, „EQG“ користи 4 електрични мотори за погон, кои се наоѓаат во близина на тркалата, а меѓу нив има двостепени менувачи (по еден за секој пар мотор/тркала).

Предната суспензија е независна, додека задната е крута оска, без која е тешко да се замисли кај класичен теренски автомобил.

„Mercedes“ сѐ уште не објави подетални технички спецификации на возилото, иако е потврдено дека „EQG“ ќе има багажник од 463 литри и ќе се спушта од фабричката лента на тркала со дијаметар од 22 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП