19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ е подготвена да ја толерира повисоката инфлација

ЕЦБ е подготвена да ја толерира повисоката инфлација

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека е подготвена привремено да го толерира забрзаниот пораст на цените во еврозоната, но планира до крајот на годината малку да го намали откупот на обврзници, велејќи дека тоа нема да ги загрози поволните услови за финансирање.

Централната монетарна институција на еврозоната ја задржа каматната стапка за рефинансирање на банките на нула проценти, а каматната стапка на депозитите на минус 0,5 проценти.

ЕЦБ очекува клучните каматни стапки да останат на сегашното или дури и пониско ниво додека инфлацијата не ја достигне целта од два проценти „многу пред крајот“ на 2023-та година и во подолг период до крајот на тој период.

„Ова исто така може да подразбира период во кој инфлацијата ќе биде умерено над целното ниво“, истакнаа од банката.

Тие ќе продолжат да купуваат обврзници во рамките на „стандардната“ програма за зајакнување на економскиот раст и инфлација во вредност од 20 милијарди евра месечно, сѐ додека е потребно за да се засили ефектот на намалените каматни стапки и непосредно пред да се зголемат.

До крајот на годината, тие малку ќе го намалат купувањето на обврзници во рамките на програмата за кризна пандемија (PEPP), бидејќи според нивното мислење тоа нема да го загрози зачувувањето на поволните услови за финансирање во еврозоната.

„Врз основа на заедничка проценка на условите за финансирање и прогнози за инфлација, Управниот совет проценува дека поволните услови за финансирање може да се одржат дури и при умерено намалена вредност на нето -откупот на средства според PEPP во споредба со претходните два квартала“, стои во соопштението.

Тие повторија дека кризната програма во вкупна вредност од 1,850 милијарди евра ќе остане во сила барем до крајот на март 2022-ра година, односно додека не оценат дека кризната фаза на пандемијата е завршена.

Еврото зајакна 0,2 проценти во однос на доларот по објавувањето на ЕЦБ, и се тргува на околу 1,1837 долари, додека европските берзи утрово ги намалија загубите.

ЕЦБ повтори дека каматните стапки ќе останат на сегашното или пониско ниво, додека инфлацијата не се процени дека е стабилна на 2,0 проценти на среден рок.

Инфлацијата во еврозоната достигна највисокото ниво во последните 10 години од 3,0 проценти во август, а заедничката валута на 19-члениот монетарен блок порасна за 2,0 проценти во вториот квартал, надминувајќи ги очекувањата на економистите.

Пандемичната програма за купување обврзници за итни случаи, во вредност од 1,85 трилиони евра, беше воведена од ЕЦБ во март 2020-та година за поддршка на економијата на еврозоната и треба да заврши во март 2022-ра година.

Во исто време, Управниот совет на ЕЦБ одлучи да продолжи со спроведување на Програмата за купување средства (АПП) во месечни износи од 20 милијарди евра. ЕЦБ ја користи оваа програма во комбинација со PEPP за поддршка на економијата на еврозоната.

„Управниот совет продолжува да предвидува дека месечните нето-набавки на средства под АПП ќе траат онолку колку што е потребно за да се зајакне стимулативниот ефект на каматните стапки на ЕЦБ и ќе биде завршено непосредно пред да се зголемат клучните каматни стапки на ЕЦБ“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП