20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е „А8“ од иднината – „Audi Grandsphere“ (ФОТО/ВИДЕО)

Ова е „А8“ од иднината – „Audi Grandsphere“ (ФОТО/ВИДЕО)

По иновативниот двосед со променливо меѓуоскино растојание (Skysphere), од „Audi“ ни пристигнува, кој, меѓу другото, вклучува систем за автономно возење на ниво 4.

Целта е јасна – да се понуди првокласно возачко искуство, додека размислуваме за патување со авион. Според „Audi“, искуството на самиот автомобил овде е второстепено, а фокусот е на дизајнот и внатрешноста на возилото.

Во автономен режим, контролите на воланот и ножните команди се скриени, а кабината добива салонски карактер, каде што задните патници се опуштени како на кауч, и им се достапни сите придобивки од комуникацијата и мултимедија.

На пример, ако ги читаат вестите на својот мобилен уред кога влегуваат во автомобилот, истите вести веднаш ќе бидат прикажани на екранот на возилото – целта е да уживате во придобивките преку Интернет без никакви прекини.

„Grandsphere“ го препознава возачот, му ја отвора вратата и автоматски ги прилагодува седиштата. Во спротивно, предните седишта може да се ротираат до 60 степени.

Дури и звучниците се дизајнирани така што секој патник може да ја слуша својата музика или што сака, како во сопствената капсула.

Фотографиите покажуваат дека возилото нема класичен кокпит. Имено, сите информации се проектирани на дрвена површина под шофершајбната, во висока резолуција и многу читлива, без оглед на интензитетот на надворешната светлина.

Исто така, контролната табла може да се користи како голем проекциски екран за гледање филмови или видео конференции.

Новиот мултимедијален систем на „Audi“ се вика „MMI Touchless Response“. Тој е способен да го следи погледот на возачот и има способност да учи, а најверојатно наскоро ќе пристигне во сериските возила на германскиот производител.

Најновиот концепт на „Audi“ е навистина големо возило, со ниски силуети – долг е 5,35 метри и има широчина од 2 метри, додека висината на автомобилот е само 1,39 метри.

Дизајнот зборува сам за себе, и на прв поглед, отсуството на „Б“ столбовите е забележливо за полесен пристап до патничката кабина.

Автомобилот е поставен на тркала од 23 инчи и навистина работи моќно, истовремено одржувајќи ја флуидноста на линиите на телото.

Електричниот погон се состои од два електромотори со вкупна моќност од 710 КС и 960 Nm максимален вртежен момент.

До „стотка“ стигнува за околу 4 секунди, максималната брзина не е објавена, додека автономијата при возење со огромна батерија од 120 kWh е околу 750 километри.

„Audi“ сѐ уште не го потврди ова, но речиси е сигурно дека линиите на новиот „А8“ се скриени во овој концепт, што ќе донесе многу новини во светот на деловните лимузини. И тоа на почетокот на 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП