20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште една земја го легализираше биткоинот

Уште една земја го легализираше биткоинот

Украина е петтата земја во последните неколку недели која воспостави некои основни правила за пазарот на криптовалути.

Украинскиот парламент речиси едногласно усвои закон со кој се легализираат и регулираат криптовалутите. Законот, кој беше донесен во 2020 година, сега оди на потпис кај претседателот Володимир Зеленски, пренесува CNBC.

До денес, криптопазарот во Украина функционираше во сивата зона, каде што на граѓаните им беше дозволено да купуваат и разменуваат виртуелни монети, но компаниите и берзите кои се занимаваат со криптовалути честопати беа под контрола на финансиската полиција.

Според Киев Пост, властите имале борбен став кога станува збор за виртуелни пари, сметајќи ги како инструмент за „измама“ и перење пари, при што пребарувале компании поврзани со криптовалути и „често конфискувале скапа опрема без никаква основа“.

Меѓутоа, со денешното гласање, Киев застана на страната на биткоинот.

До 2022 година, земјата планира да го отвори пазарот за криптовалути и инвеститорите, пишува Киев Пост.

Новиот закон предвидува одредени мерки за заштита од измама за имателите на биткоини и други криптовалути, а пратениците со закон ја дефинираа и основната терминологија во светот на криптовалутите, како што се термините виртуелна сопственост, дигитален паричник, приватни клучеви, итн

За разлика од Ел Салвадор, кој оваа недела го усвои биткоинот како легално средство за плаќање, украинскиот крипто-закон не значи воведување на биткоин како платежно средство, ниту пак го става на еднакво рамниште со гривната, националната валута на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП