26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМорско оревче против несоница

Морско оревче против несоница

Ги ублажува грчевите во мускулите, ги олеснува болките во зглобовите, го намалува крвниот притисок, ја подобрува концентрацијата и циркулацијата, го намалува нивото на холестерол…

Морското оревче е незаобиколив зачин во префинетите специјалитети, а истовремено е благотворен и за луѓето кои страдаат од несоница.

Морското оревче делува успивувачки, а истовремено ги смирува и анксиозните и немирните. Исто така, ги ублажува грчевите во мускулите, ги олеснува болките во зглобовите, го намалува крвниот притисок, ја подобрува концетрацијата и циркулацијата, а го намалува и нивото на штетниот холестерол.

Меѓутоа, со морското оревче не треба да претерувате, бидејќи од големите количини на морско оревче доаѓа до појава во вид на мачнина, халуцинации, отоци и кардиоваскуларни проблеми.

Затоа, изрендајте само малку врз вашето јадење или некоја посластица, колку само да го подобрите вкусот и да му дадете убава арома на оброкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП