25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа бродовите се предлага глобален надомест за емисиите на јаглерод

За бродовите се предлага глобален надомест за емисиите на јаглерод

Водечките поморски асоцијации предложија воведување глобална такса за јаглерод за да се забрза „зелената трансформација“ на поморскиот товарен транспорт.

Околу 90 проценти од светската трговија се одвива по морски пат, а поморскиот транспорт произведува речиси три проценти од светските емисии на СО2, така што секторот е под зголемен притисок да го намали загадувањето на животната средина.

За прв пат, Меѓународната бродска комора (ICS) и Интеркарго, заеднички предложија воведување на надоместок за тон јаглерод диоксид емитуван да го платат бродовите со бруто -тонажа од повеќе од 5.000.

Собраните пари ќе се слеат во климатскиот фонд

Собраните пари ќе се слеат во климатскиот фонд и ќе се користат за финансирање инфраструктура во пристаништата низ светот што ќе гарантира снабдување со почисти горива, како што се водород и амонијак, сугерираат ICS и Интеркарго.

„На сопствениците на бродови им е потребна навистина глобална мерка базирана на пазарот за да се намалат големите разлики во цените помеѓу конвенционалните и горивата без јаглерод“, рече генералниот секретар на ICS, Гај Платен.

Предлогот беше доставен до Меѓународната поморска организација (IMO), Агенцијата за поморски транспорт на Обединетите нации, во петокот.

Портпаролот на IMO рече дека сите предлози се добредојдени и ќе бидат дискутирани подоцна оваа година, додавајќи дека „предлозите за мерки базирани на пазарот се во согласност со првичната стратегија на IMO за стакленички гасови“.

Работната група на IMO ќе се состане кон крајот на октомври, пред состанокот на Комитетот за морска животна средина кон крајот на ноември, кој, меѓу другото, треба да биде посветен на напорите за намалување на емисиите на јаглерод.

Во јули, Европската комисија предложи сопствениците на бродови да се приклучат на системот за тргување со јаглерод по повеќе од една деценија.

ICS, пак, предупредува дека „делумните“ решенија, како што се предлозите на ЕУ, значително ќе ја комплицираат „поморската трговија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП