24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве колку фабриките заработуваат од продадено возило

Еве колку фабриките заработуваат од продадено возило

porske

Бројот на продадени автомобили во Европа минатата година падна на најниско ниво во последните 17 години, а и во првата половина од оваа 2013-та година продажбата и натаму паѓа. Многу од производителите ги „ловеа“ купувачите намалувајќи ги цените така што тие би губеле пари, само за да продадат автомобил.

Тоа се разбира никогаш не се однесувало на производителите на автомобили кои се произведуваат за оние на кои цената не им е важна. На чело на таа скала е Порше.

Реномираниот германски производител на спортски автомобили во просек на секое продадено возило заработувал по 16.590 евра и тоа со платен данок и останатите придонеси.

На второ место е Ферари-Масерати на која и останува по 15.000 евра за секое возило кое ќе ја напушти фабриката.

Следи германското трио Ауди (3.821 евра), БМВ (3.495 евра) и Мерцедес кај кој кога ќе се собере се колку чини што е во автомобилот вградено, му остануваат уште „само“ 2.012 евра добивка.

Од друга страна во првата половина од 2013-та година Рено за секој автомобил на купувачите им „подари“457 евра, додека минатата година „подарокот“ изнесуваше 241 евра, додека Пежо-Цитроен ја намали загубата од 510 на 349 евра.

Маркетингот и позицијата на пазарот се пресудни за опстанокот на производителите на автомобили и тоа најдобро го покажуваат производителите од Далечниот Исток. Тојота одлично заработува на своите автомобили, дури и по 1.801 евро од возило.

Добро им оди и на корејците, Хјундаи (1.027 евра) и Киа (911 евра), што е секако подобро во случајот со Фолксваген (629 евра). Во тој концерн во кој припаѓа и Шкода, „чешкиот бренд“ вреди најмногу од останатите, затоа што заработува 671 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП