29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛе Мер: Широкото зголемување на платите ќе ја изеде конкурентноста на Франција

Ле Мер: Широкото зголемување на платите ќе ја изеде конкурентноста на Франција

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека не поддржува широко зголемување на платите, бидејќи таквиот потег би и наштетил на француската конкурентност, објави „Bloomberg“.

Според Ле Мер, пред една година европските економии беа засенети од зголемената невработеност и распадот на компаниите во време на првите национални блокади поврзани со ширењето на коронавирусот.

„Денес се соочуваме со нова опасност како резултат на силното економско закрепнување, се соочуваме со недостаток на работници и недостаток на суровини“, рече францускиот министер за финансии на прес-конференција. Ле Мер додаде дека не поддржува „глобален пристап“ за зголемување на платите во Франција, бидејќи тоа може „да ја ослабне француската конкурентност во некои сектори, особено во индустријата“.

Политичарите ширум светот се соочуваат со закана од забрзување на инфлацијата додека економиите закрепнуваат од најлошата криза со коронавирусот. Претходно, податоците покажаа дека француската инфлација го достигна највисокото ниво во последните три години, поттикната од повисоките цени на храната и енергијата.

Француските синдикати и студентски организации неодамна повикаа на повисоки плати и запирање на затворањето на некои јавни услуги. Ле Мер додаде дека насоченото зголемување на платите за хотелската и ресторанската индустрија може да се оправда со недостаток на работници.

Одделно, тој ги повика земјите од Европската унија (ЕУ) да се обединат и да работат на изградба на посилен блок способен за да се натпреварува со САД и Кина, особено со зголемување на трошоците за иновации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП