20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосово стана рај за копање на криптовалути, но се појавија неочекувани рудари...

Косово стана рај за копање на криптовалути, но се појавија неочекувани рудари и уште почудни проблеми

Во последните месеци, косовските портали често пишуваа за случаи на кражба на опрема за копање на криптовалути.

Во јуни, евидентиран е еден таков случај во Зубин Поток, во селото Доњи Јасеновик, а вредноста на украдената опрема, таканаречените платформи, изнесува над 30.000 евра. Порталот Калксо, кој, повикувајќи се на наоди, објави дека вредноста на украдената опрема е 36.000 евра, наведува дека нејзиниот сопственик е седумдесет и четиригодишен маж.

Во јули минатата година, на порталот Косев се појави информација дека група пензионери од Зубин Поток изјавиле дека заедно собрале 3.000 евра за рударска опрема со која во рок од шест месеци ги вратиле вложените пари. Сепак, многу крипто претприемачи се тинејџери кои имаат многу слободно време, бидејќи невработеноста кај младите во северно Косово е повисока од 50 проценти.

Северно Косово е атрактивно, најверојатно затоа што тамошните граѓани со години не плаќале струја. Имајќи предвид дека „копањето“ бара голема потрошувачка на електрична енергија, Косово е плодна почва за такви активности, пишува Нова.рс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП