17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде се кинеските милионери?

Каде се кинеските милионери?

china-cartier-louis-vuitton

Заедно со забавувањето на економскиот раст во Кина, доведе и до бавно зголемување на бројот на нови милионери, покажа истражувањето на институтот Хурун.

Според годишниот извештај на тој институт, втората светска економија во 2012-та година имала 1.05 милиони богати луѓе, кои поседуваат богатство во вредност од најмалку 10 милиони јуани, односно 1.63 милиони долари.

Во истражувањето понатаму се вели дека во однос на 2011-та година бројот на милионери во Кина е зголемен за само три проценти или за 30.000, што е најслаб раст во последните пет години.

Бројот на екстремно богатите, кои располагаат со богатство вредно 100 милиони јуани или 16 милиони долари е зголемен за два проценти или 64.500 лица, што исто така е најмал раст во последните пет години.

Ваквиот тренд објаснува се, пред се за бавниот економски раст, кој во Кина во 2012-та година изнесуваше 7.8 проценти, што е најскромниот резултат во последните 13 години.

Што се однесува до расположението на најбогатите Кинези, само една четвртина е многу задоволна од развојот на економската ситуација во последните две години или 28 проценти во 2011-та година и близу 50 проценти во 2010-та година.

Околку 15 проценти од кинеските милионери (околу 160.000) како главен извор на богатството во минатата година ги наведуваат инвестициите на берзите, што е за пет проценти помалку од минатата година.

Вложувањата во недвижностите и натаму се најпопуларни меѓу кинеските „богаташи“, и покрај зголемувањето на цените и напорите на владата да се ограничи купувањето на имот, а забележана е и растечка тенденција за купување на недвижности во странство.

Во 2012-та година поголемиот дел од богатите луѓе во Кина живеат во големите градови како Пекинг и Шангај, како и во развиените провинции на југот и истокот од земјата.

Само во Пекинг живеат 184.000 милионери и 10.700 екстремно богати луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП