30 јуни, 2024
ПочетнаКОРОНАИлјадници луѓе во Холандија протестираа против епидемиолошките мерки

Илјадници луѓе во Холандија протестираа против епидемиолошките мерки

Повеќе од 10.000 луѓе во Холандија протестираа против вакцинацијата и владините ограничувања воведени за борба против пандемијата на коронавирус.

Бројни граѓани се собраа на плоштадот Дам во Амстердам и маршираа во знак на протест против владината политика во борбата против Ковид-19. Демонстрантите рекоа дека не се чувствуваат слободни поради задолжителната владина мерка за вакцинација и другите ограничувања.

Граѓаните го наполнија плоштадот, по што, носејќи транспаренти со натписи „Заедно за Холандија“, одржаа протестна прошетка до Централната железничка станица.

Собраните луѓе носеа транспаренти на кои пишуваше „Ова не е вистина“, „Не допирај го моето тело“, „Доста е“ и „Без пасош“.

Протестот беше поддржан од екстремно десничарските партии и владините противници.

На протестот можеа да се видат знамињата на Холандија, како и симболи што ги користеа движењата и организациите на екстремната десница во таа земја.

Демонстрантите со жолти чадори го завршија маршот долг седум километри со извици „слобода“.

Протестите, кои беа обезбедени од голем број полицајци, завршија без инциденти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП