23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИL'Oreal купува кинеска компанија за 843 милиони долари

L’Oreal купува кинеска компанија за 843 милиони долари

loreal01

Францускиот гигант „L’Oreal“ за 843 милиони долари сака да ја купи козметичка компанија „Magic Holdings International“ која е со седиште во Хонг Конг.

Понудата е доста голема и е 25 проценти над вредноста на секоја од акциите кои при последното затворање на берзата во Хонг Конг кои изнесуваа 5.05 хонгконгшки долари.

„Бордот на директори на „Magic Holdings International“ го поддржува предлогот на „L’Oreal“. Шестмина од главните носители на пакети на акции во компанијата, кои контролираат 62.3 проценти веќе ја поддржаа нашата понуда“, истакнуваат од француската компанија.

За да биде извршена промената на сопственоста, потребно е и одобрение на кинеското Министерство за трговија.

Од француската компанија се насочени кон договорот, бидејќи брендот на „Magic Holdings International – MG“ е еден од лидерите на брзо растечкиот пазар во Кина.

„L’Oreal“ е присутна во Кина од 1997-та година и има 3.700 вработени кои работат во две фабрики и еден истражувачки центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП