25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште една индустрија погодена од кризата за испорака - се е поскапено

Уште една индустрија погодена од кризата за испорака – се е поскапено

Германската индустрија за мебел помина добро низ кризата од ковид, но сега е тешко погодена од проблемите со испораката.

Ниту оние од Далечниот Исток, ниту европските добавувачи не знаат кога ќе можат да ја испратат стоката.

Иако и самата не се надеваше на тоа, индустријата за мебел се справува одлично во времето на корона, бидејќи кога веќе мораа да останат дома, многумина сакаа конечно малку да го средат својот дом, или барем, поради работата од дома, мораа да купат биро стол, полица итн.

Навалицата кон мебелот продолжи и откако ситуацијата полека почна да се нормализира.

Ланецот Икеа за германскиот јавен сервис АРД вели дека, поради големата побарувачка, има многу производи во многу од нивните продавници кои или се се помалку на залиха или воопшто ги нема.

Во исто време, тие практично не можат да сторат ништо околу тоа, бидејќи беа тешко погодени од проблем во логистичкиот и секторот за испорака.

Се жалат и други производители на мебел – речиси половина од германските производители на мебел го намалија производството поради потешкотии во испораката.

„Честопати, целосното производство мораше да се запре“, вели Јан Курт, шеф на германската асоцијација на производители на мебел.

Има мала надеж дека ќе биде подобро во догледна иднина, бидејќи 70 проценти од производителите кои учествуваа во истражувањето се жалат дека овој мај стана уште полош отколку во април.

Недостасува материјал, и се е поскапено

Менаџерите од четири од петте анкетирани фабрики се жалат дека им недостасуваат оков, метални и стаклени делови и функционални елементи – и честопати сите овие се они делови што доаѓаат од Далечниот Исток.

Исто така, проблемот е што се поскапе.

Не е многу подобро и со деловите кои барем делумно се произведуваат некаде во Европа – 70 проценти од компаниите се жалат дека им недостасуваат панел-плочи, плочи изработени од вештачки материјали, сунѓер, електронски делови и сл.

Недостасуваат дури и средства за пакување. Воедно, се внимава да не се потрошат резервите на текстил и кожа премногу брзо.

Производителите на мебел ги размазија клиентите со многу ниски цени – но на тоа му дојде крајот.

„Големото и брзо зголемување на цената на многу компоненти за мебел, не стави под огромен притисок и основата за пресметување на конечната цена значително се промени“, рече Курт, во изјава за германската агенција ДПА.

Цврстото дрво, доколку не е од егзотични сорти, најчесто доаѓа од европските земји – но дури и во тој случај, околу 60 проценти од германските производители се жалат дека нивните добавувачи не им испраќаат стоки на време и дека цените постојано растат.

Ова се однесува практично на сите видови дрво, од даб и бука, па до ела.

И овде, германските производители најчесто слушаат дека проблемот е логистиката, но и деловите за механизација на преработка на сурово дрво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП