3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартува теренскиот попис, властите уверуваат дека безбедно ќе се спроведе

Стартува теренскиот попис, властите уверуваат дека безбедно ќе се спроведе

Утрово почна Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Пописот ќе трае до 30 септември, кога ќе заврши и пописот на дијаспората што почна на 1 март.

Надлежните потенцираат дека статистичката операција ќе биде безбедна, со оглед на тоа што се одржува во време на пандемија од Ковид-19.

Премиерот Зоран Заев истакна дека по 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните.

„За оваа операција да биде успешна покрај професионалноста на вработените во Државниот завод за статистика и ангажираните инструктори и попишувачи, неопходна е соработката од сите граѓани. Затоа ве повикувам да бидете партнер во овој процес, затоа што само на овој начин Владата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата ќе можат да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија“, рече Заев.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, по повод почетокот на теренскиот дел од пописот, кажа дека ова претствавува најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега.

„Попис не е спроведен речиси 20 години. Ваквата состојба едноставно повеќе е неодржлива и тоа не смееме да го толерираме. Државите членки на Обединетите Нации се обврзани да спроведуваат попис, но можеби уште поважно, тоа е обврска која ја имаме кон државата и пред се кон граѓаните“, кажа Маричиќ и додаде дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на Ковид-19.

Маричиќ на Државниот завод на статистика му посака успешна работа, а на попишувачите на терен им се заблагодари за трудот, посветеноста и придонесот за овој статистички процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП