19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите земји во светот за странски работници

Најскапите земји во светот за странски работници

Јапонија ја надмина Британија како најскапа земја за испраќање персонал во странство, покажува новото истражување.

Просечниот пакет за странски вработени во Јапонија ги чини работодавачите 405.685 долари – повеќе од било кој друг меѓународен центар, според студијата на „ECA International“, „MyExpatriate Market Pay“.

Студијата, која ги зема предвид плаќањата во готовина, пакетите за социјално осигурување и даноците, покажува зголемување на вкупната цена за странските вработени на средните менаџерски позиции во Јапонија. Ова се случува во време кога во другите делови на светот има пад на трошењето за домување и други социјални придобивки поради пандемијата.

Обединетото Кралство е втората најскапа локација за испраќање вработени во странство во 2020-та година. Следните места во рангирањето се окупирани од Индија, Кина и Хонг Конг.

Првата десетка ја формираат Франција, САД, Швајцарија, Аргентина и Тајван.

Растот на расходите во Јапонија главно се должи на валутните флуктуации, при што јапонскиот јен остана релативно стабилен во однос на американскиот долар во минатата година, изјави меѓународниот регионален директор на „ЕСА“, Ли Квин, за „CNBC“.

„Исто така, постои одредена инфлација и во други делови од пакетот плати и социјално осигурување“, додаде тој. „На пример, за разлика од многу други локации во Азија, трошоците за домување умерено растат во Токио во 2020-та година, во споредба со 2019-та година. Ова придонесе за повисоки вкупни трошоци“, вели Квин.

Годишното истражување има за цел да им помогне на компаниите кои сакаат да ги преместат вработените со споредување на нивните пакети на пазарот. Покрај плаќањето во форма на плата, многу работодавачи ги надоместуваат вработените со покривање на трошоците за домување, обуките и трошоците за превоз.

Оваа година, вкупните трошоци за ангажирање странски персонал се намалуваат бидејќи пандемијата и ограничувањата за патување ја намалија побарувачката, а со тоа и трошоците за домување и другите трошоци.

На многу места, платите на странските вработени се намалија, во споредба со нивото од 2019-та година. Хонг Конг е едно од ретките места каде што платите на странските вработени се зголемуваат.

„Трошоците за ангажирање вработен-странец во Хонг Конг беа помали во 2020-та година отколку во претходните години, но ова е показател за многу поголем глобален тренд“, рече Квин.

„Платите на странските вработени во Хонг Конг се зголемуваат за помалку од 1%, додека во исто време работодавачите имаат корист од пониските трошоци за домување и намалената финансиска поддршка во овој поглед во споредба со претходната година“, додава Квин.

Тајван, Канада и Мароко се придружуваат на Топ 20 во 2020-та година со зголемување на вкупната цена на пакетите за странските вработени.

„Трошоците за ангажирање вработен од средно ниво во Тајван се зголемија за 10.733 долари во минатата година“, рече Квин, истакнувајќи дека силниот одговор на островот против Ковид-19, исто така, ги зголеми цените на имотот.

Како резултат на тоа, Тајван е пред земјите како Јужна Кореја и Австралија во рангирањето и сега е 10-та најскапа локација во светот за ангажирање странски работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП