25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Broadcom“ изненади со својата прогноза за приходите

„Broadcom“ изненади со својата прогноза за приходите

„Broadcom“ предвидува приход за четвртиот квартал, кој ги надмина очекувањата на „Wall Street“, потпирајќи се на големата побарувачка за чипови, поврзани со ширењето на 5G технологијата и фокусот на хибридниот модел на работа, пренесува „Reuters“.

Напорите на „Broadcom“ да ги диверзифицира приходите преку зголемување на инвестициите во бизнисот со софтвер помогнаа компанијата да не биде сериозно погодена од проблемите со синџирот на снабдување.

Се очекува поделбата за мобилни решенија на компанијата, чии главен клиент е „Apple“, исто така, да имаат корист од очекуваните нови модели на „iPhone“, кои најверојатно ќе бидат објавени овој месец.

Аналитичарите предвидуваат дека транзицијата на 5G, која е сѐ уште во повој, најверојатно ќе доведе до поголема побарувачка за чипови на „Broadcom“, што им помага на уредите да се поврзат со „Bluetooth“ и „Wi-Fi“.

„Broadcom“ очекува нејзиниот приход за тековниот квартал да достигне 7,35 милијарди долари, наспроти 7,23 милијарди американски долари што ги прогнозираа аналитичарите според „Refinitiv“.

Приходите за третиот квартал, завршен на 1-ви август, пораснаа за 16 проценти на 6,78 милијарди долари, пред очекувањата од 6,76 милијарди долари.

Извршниот директор Хок Тан рече дека перформансите се должат на облачните услуги, 5G, широкопојасниот и мобилниот сегмент.

Покрај тоа, компанијата прави чипови за центри за податоци и сервери, што значи дека брзата миграција кон облачните услуги и враќањето на корпоративните трошоци ќе го поддржат „Broadcom“ во пост-пандемискиот свет, додека многу компании се префрлаат на хибриден модел на работа.

Без некои ставки, „Broadcom“ заработи 6,96 долари по акција, што беше над прогнозата од 6,88 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП