28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo сака да биде главен играч и кај смартфоните

Lenovo сака да биде главен играч и кај смартфоните

lenovok900

Една од главните цели на „Lenovo“ е да биде меѓу главните учесници на пазарот не само кај персоналните компјутери, туку и кај мобилните телефони. Компанијата не ја исклучува и можноста да соработува и со други производители, кога тоа ќе одговара на нивната стратегија, вели во интервју за „The Wall Street Journal“ извршниот директор на „Lenovo“, Јанг Џанкинг.

„ Веруваме дека индустриите на персонални компјутери и мобилни телефони ќе продолжат да се здружуваат. „Lenovo“ дефинитивно е во добра позиција да стане важен играч“, коментира Џанкинг.

На прашањето дали „BlackBerry“, која неодамна објави дека бара купувач, претставува интерес за „Lenovo“, Џанкинг одби да коментира на конкретни теми. Но сепак вели дека компанијата не исклучува слични трансакции, доколку тие ја исполнуваат долгорочната нејзината стратегија.

Во оваа фаза сепак производителот предвидува да учествува самостојно на пазарите на телефоните и таблети.

„Во втората половина од годината ќе видите уште иновативни производи од нас, како таблети, така и паметни телефони“, додава директорот на „Lenovo“.

Тој признава дека во моментов компанијата се уште не заработува многу од продажбата на паметните телефони.

„Бизнисот со паметните телефони во Кина веќе е со профит, но сметаме дека се уште е во фаза на развој. Даноците кај нас за телефони се подобри и повисоки од оние кај компјутерите, но поради големите инвестиции што ги правиме, се уште немаме големи профити “, коментира тој.

Компанијата сепак е задоволна од развојот во сегментот на таблетите. Во него „Lenovo“ е во профит во сите региони, затоа што ги користи развиените дистрибутивни канали за компјутери, со што го олеснува ширењето на уредите. Џанкинг очекува дека благодарение на таблетите „Lenovo“ може да ја зголеми предноста на пазарот на компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП