28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанија дава 50 фунти на работниците кои не доцнат на работа

Компанија дава 50 фунти на работниците кои не доцнат на работа

Амазон нуди неделен бонус од 50 фунти за вработените на некои локации во Обединетото Кралство, доколку дојдат на работа на време.

Наградата важи за работници кои работат секој ден, без боледување или ковид-19.

Амазон рече дека наградата ќе и помогне на компанијата да ја реализира побарувачката за летово и за Божиќ.

Минатата недела, интернет малопродажниот гигант објави дека дава дополнителни 1.000 фунти бонус за новите работници во складиштето кои ќе започнат со работа пред 18 септември.

Бонусите се нудат во време кога британскиот пазар на труд закрепнува, поради што бројот на слободни работни места во август беше рекордно висок.

„Во моментов нудиме бонус за доаѓање на голем број локации на работници со полно работно време кои ќе го поддржат нашето летно побарување и ќе ни помогнат да се подготвиме за претстојната празнична сезона“, рече портпаролот на Амазон.

Амазон инаку е познат како компанија која постојано се соочува со обвинувања за лоши услови за работа низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП