29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогатиот Французин го продаде својот удел во „Carrefour“

Најбогатиот Французин го продаде својот удел во „Carrefour“

Францускиот милијардер Бернар Арно, кој го стекна своето богатство во бизнисот со луксузни производи, го продаде својот удел во ланецот на супермаркети „Carrefour“, во кој инвестираше пред 14 години и чија потенцијално купување од канадскиот „Couche-Tard“ не успеа претходно оваа година.

Арно поседува 5,7% од акциите во холдинг компанијата „Financiere Agache“, кои собраа 724 милиони евра од продажбата на акциите, објави „Societe Generale“.

Како резултат на веста, цената на акциите на „Carrefour“ падна за 4,48%.

Акциите на „Agache“ беа продадени за 16 евра по акција, откако Арно, како и „Colony Capital“ и „Axon Capital“, прво купи 9,8% од акциите во 2007-ма година, по просечна цена од 47 евра по акција.

„Carrefour“ претрпе неколку трансформации, а нејзините акционери имаат корист од одделувањето на нејзините бизниси, вклучувајќи го и ланецот супермаркети DIA.

Извор запознат со оваа работа, кој сакаше да остане анонимен, коментираше дека „Agache“ не го загубил финансиски со текот на годините, делумно поради дивиденда, иако аналитичарите во „Bryan Garnier“ велат дека има загуба.

Арно е еден од трите најголеми акционери во компанијата, заедно со семејството Мулен и бразилскиот бизнисмен Абилио дос Сантос Диниз.

Меѓутоа, минатиот септември, тој продаде мал дел од својот удел, а „Agache“ рекоа дека тоа го менува фокусот на инвестицијата. Групата има акции главно во компании за мода и луксузни производи, а во февруари се здоби со дел од производителот на чевли „Birkenstock“.

Повлекувањето доаѓа истовремено кога под раководство на претседателот и извршен директор Александер Бомпар, „Carrefour“ постигнува резултати.

„Во последните четири години, „Carrefour“ имаше извонредно закрепнување под водство на Александар Бомпар“, рече Арно. „По 14 години … одлучивме да продолжиме да ги преориентираме нашите инвестиции“, додаде тој.

Во мај, „Carrefour“ го продолжи мандатот на Бомпар за три години. Тој се зафати со намалување на трошоците и фокусирање на трговијата преку Интернет за да ги зголеми приходите и профитот.

Арно, најбогатиот човек во Франција, го поддржа Бомпар во јануари, бидејќи директорите преговараа за договор за купување од канадскиот „Couche-Tard“. Сепак, „Couche-Tard“ ја повлече понудата од 20 милијарди долари за „Carrefour“, откако се соочи со противење од француската влада.

Под раководство на Бомпар, „Carrefour“ потоа го купи „Grupo BIG“, проценет на околу 1,3 милијарди долари, а лидерот на компанијата рече дека „Carrefour“ може да се справи самостојно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП