19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќниот сериски „AMG“ во историјата: Новиот „ѕвер“ на „Mercedes“ има 843 ks...

Најмоќниот сериски „AMG“ во историјата: Новиот „ѕвер“ на „Mercedes“ има 843 ks (ФОТО/ВИДЕО)

Токму кога мислевме дека „Mercedes-AMG“ со моделот „GT 63 S“ стигна до „плафонот“, германскиот производител ни приреди ново изненадување.

„GT 63 S E Performance“ стапува на сцена со „plug-in“ хибриден погон кој сѐ уште има 4.0-литарски би-турбо V8 во „срцето“, но кој е помогнат од електричен мотор на задната оска.

Овој мотор е интегриран со двостепен менувач и диференцијал со ограничено лизгање по електронски пат, а вкупната моќност на погонскиот систем изнесува дури 843 ks (620 kW), додека максималниот вртежен момент е цели 1.400 Nm!

Ова го прави „GT 63 S E Performance“ најмоќниот „AMG“ производствен модел во историјата, со исклучок на хиперспортскиот „Project One“ со Ф1 технологија.

Автомобилот забрзува од 0 до 100 километри на час за само 2,9 секунди, додека максималната брзина е 316 километри на час.

Според фабричките податоци, благодарение на хибридниот погон, просечната потрошувачка е само 8,7 литри на 100 километри.

Германскиот производител не ги откри спецификациите на електричниот мотор, но изјави дека се напојува со електрична енергија од батерија со капацитет од 6,1 kWh, која тежи околу 90 килограми.

Автомобилот има и вграден полнач од 3,7 kW, кој е таму за да помогне побрзо да се наполни батеријата преку кабел.

Иако станува збор за „plug -in“ хибрид, поради малата батерија, не треба да се смета на голема автономија при возење на електрична енергија – во чисто електричен режим, „GT 63 E Performance“ може да помине само дванаесет километри.

Една од интересните карактеристики на батеријата е фактот дека користи течноста за ладење која поединечно ги лади сите 560 ќелии. Околу 14 литри течноста за ладење постојано тече низ батеријата за да одржува оптимална температура од 45 Целзиусови степени, без разлика колку често се полни или испразнува.

Иако „Mercedes“ ни должи информации за цената на својот нов „ѕвер“, се очекува дека ќе се приближи до сумата од 200.000 евра, а со дополнителни опции, секако дека ќе ја надмине.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП