20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАECDC: Нема итна потреба за трета доза вакцина против ковид

ECDC: Нема итна потреба за трета доза вакцина против ковид

Во моментов нема „итна потреба“ за дополнителна доза на вакцина против „Ковид-19“ кај општата популација, потврди Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Во техничката белешка објавена во средата, ECDC препорачува дополнителни дози или „засилувачи“ за луѓе со ослабен имунолошки систем, што е во согласност со позицијата на СЗО.

„Според досегашните сознанија, нема итна потреба да се администрираат дополнителни дози на луѓе кои се целосно вакцинирани“, се вели во соопштението на ECDC, додавајќи дека „приоритет е да се вакцинираат оние кои не ја завршиле вакцинацијата“.

Но, „дополнителните дози за луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем треба да се земат предвид како дел од нивната вакцинација доколку не постигнале доволно ниво на заштита“, додава европската агенција со седиште во Стокхолм, која брои околу 30 земји, вклучително и 27 членки на ЕУ.

На 18 август, Светската здравствена организација (СЗО) го критикуваше брзањето на богатите земји за трета доза на вакцина против ковид, и нагласи дека научните податоци не ја покажуваат нејзината потреба засега.

Примената на трета доза сега би била како да се подадат „елеци за спасување на луѓе кои веќе ги имаат, додека другите да се остават да се удават и без најмал елек за спасување“, рече директорот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан.

Во светло на ширењето на делта варијантата, неколку земји одлучија или размислуваат за дополнителни дози, најчесто за луѓе со кревко здравје, но и за целата популација.

„Сите вакцини одобрени во ЕУ штитат од хоспитализација и тешки форми на Ковид-19, додека секое трето лице на возраст над 18 години се уште не е целосно вакцинирано“, нагласува ECDC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП