6 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАВо Србија имунизираните со вакцината на „Синофарм“ имаат најслаб имунитет, потребна е...

Во Србија имунизираните со вакцината на „Синофарм“ имаат најслаб имунитет, потребна е трета доза

Луѓето што ја примиле вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ имаат најслаб имунитет, изјави заменик-директорот на Клиничкиот центар во Ниш, Радмило Јанковиќ.

Тој рече дека повеќето од населението во Србија е вакцинирано со вакцината на „Синофарм“.

„Кога ги споредувате вакцините, гледате дека, сепак, најслаб имунитет имаат луѓето со оваа вакцина. За жал, неа ја примија многу стари луѓе и мислам дека тоа е многу тажен факт. Жален е затоа што мислам дека мораме да им дадеме можност да си го зајакнат имунитетот“, рече Јанковиќ.

Тој вели дека постарите луѓе што ја примале вакцината на „Синофарм“ на почетокот на имунизацијата во Србија итно треба повторно да се вакцинираат.

„Моја препорака е оние што ја примале оваа вакцина, особено постарите од 50 години, да ја сменат вакцината и да ја примаат на ‘Фајзер’“, советува Јанковиќ, пренесува „Нова.рс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП