19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадовите во светот со најмногу хотели со пет sвезди

Градовите во светот со најмногу хотели со пет sвезди

Хотели постојат насекаде низ светот, а цената на собата зависи од многу фактори, вклучувајќи ја и локацијата, квалитетот и угледот.

Хотелите што се блиску до поголемите градови или деловни центри низ целиот свет, се разбира, се поскапи од оние што се наоѓаат подалеку.

Квалитетот и класификацијата на хотелот се исто така многу важни. Хотелите со пет sвезди ќе бидат поскапи од оние со помалку sвезди.

Третиот важен фактор е угледот на градот и земјата во која се наоѓа хотелот, според „World Atlas“.

Градовите со најмногу хотели со пет sвезди

Од 2017-та година, податоците покажуваат дека градот со најголем број хотели со пет sвезди во светот е Лондон со вкупно 75. Следува Дубаи со 61, додека Њујорк е трет со вкупно 59. Париз (56) и Мајами (46) ја затвораат првата петорка.

Во Топ 10 се Лос Анџелес (39), Бангкок (33), Шангај (33), Вашингтон (32) и Рим (32). Четирите најголеми градови – Лондон, Дубаи, Њујорк и Париз, имаат речиси двојно повеќе хотели со пет sвезди од другите во рангирањето.

На пример, Лондон има најмалку двојно повеќе хотели со пет sвезди од Рим, Вашингтон, Шангај и Бангкок. Меѓутоа, кога се гледаат просечните цени на хотелите, историјата драматично се менува.

Просечни цени на хотели со пет sвезди

Од јануари 2018-та година, САД имаат два града во првите десет градови со најскапи хотели, при што Њујорк (306 американски долари) и Вашингтон (282 долари) се први и втори, соодветно.

Водечкиот град во рангирањето на градовите со најмногу хотели со пет sвезди – Лондон, е на петто место со просечни цени од 217 долари. На трето и четврто место се Сиднеј (240 долари) и Токио (220 долари). Ниту еден друг град во првите десет градови со најмногу хотели со пет sвездички не е меѓу десетте градови со најскапи хотели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП