28 април, 2024
ПочетнаКОРОНАМалку добри вести: Варијантата на коронавирус која ги загрижи научниците, баш и...

Малку добри вести: Варијантата на коронавирус која ги загрижи научниците, баш и не се шири низ светот

Светската здравствена организација го следи развојот на новата варијанта на коронавирус откриена во Јужна Африка, но, засега, не ја смета за „варијанта од интерес“

За разлика од делта варијантата на коронавирусот, која за кратко време стана доминантна варијанта во поголемиот дел од светот, новата варијанта откриена во Јужна Африка навистина не се шири.

Според Светската здравствена организација (СЗО), варијантата C 1.2, која првично беше откриена во Јужна Африка во мај оваа година, и која предизвика загриженост кај научниците поради бројните мутации, кои би можеле да ја загрозат ефикасноста на вакцината, се задржува во еден регион и не се шири понатаму.

Тие додаваат дека ќе продолжат да го следат развојот на оваа варијанта и нејзиното движење во регионот и пошироко.

Да потсетиме, во студијата објавена во medRxiv.org и чекајќи научни прегледи, научниците од Јужна Африка внимателно објаснија дека новата варијанта е поврзана со избегнување на одредени неутрализирачки антитела од трета класа, а тоа е заштита од вируси стекнати по природен пат или со вакцини против новиот коронавирус.

Варијантата C.1.2 исто така покажа двојно поголемо годишно ниво на мутации отколку другите опасни варијанти.

Јужноафриканското Министерство за здравство ја предупреди Светската здравствена организација за варијантата C.1.2 како „варијанта од интерес“, но таа сe уште го нема тој статус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП