23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Словенија порасна за 16,3 проценти во вториот квартал

БДП на Словенија порасна за 16,3 проценти во вториот квартал

БДП на Словенија во второто тримесечје од оваа година беше за 16,3 проценти повисок отколку во истиот период минатата година, објави во вторникот словенечкиот завод за статистика.

За тоа најмногу придонесе растот на надворешната трговија, а нагло се зголемија и инвестициите и потрошувачката на домаќинствата.

Благодарение на владините мерки за зачувување на економската активност за време на пандемијата, економијата продолжува да закрепнува многу добро, велат словенечките аналитичари.

Во споредба со вториот квартал од минатата година, увозот во вториот квартал е зголемен за 34,9 проценти, а извозот за 30,2 проценти.

Бруто вложувањата во капитал се зголемиле во просек за 19,2 проценти на годишно ниво, а потрошувачката на домаќинствата пораснала за 18,8 проценти.

Од друга страна, поради обемните субвенции за економијата и граѓаните, буџетскиот дефицит се зголемува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП