6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови мерки за влез во АЛБАНИЈА: Потребен ќе биде еден од трите...

Нови мерки за влез во АЛБАНИЈА: Потребен ќе биде еден од трите докази

Нови мерки за борба против коронавирусот ќе бидат воведени во Албанија од 1 септември, објави Техничкиот комитет на експерти.

Новите мерки вклучуваат повторно воведување полициски час од 23 часот до 6 часот наутро, како и изменети услови за влез во земјата.

За да влезете во Албанија од 6 септември, ќе биде потребен сертификат за вакцинација, ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда за прележан коронавирус не постара од шест месеци, пишуваат медиумите.

Како што е наведено, оние што немаат еден од тие три документи ќе мораат да одат на 10-дневен карантин.

Децата под 6 -годишна возраст се ослободени од овие правила.

Албанската заменик министерка за здравство Мира Ракацољи, исто така, рече дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, учениците и наставниците кои ќе треба да се вакцинираат до 30-ти септември.

„Ве молиме, спроведете ги мерките како што препорачавме“, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП