19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕуростат: Естонија троши најмногу за одбрана во ЕУ, а Ирска најмалку (ИНФОГРАФИК)

Еуростат: Естонија троши најмногу за одбрана во ЕУ, а Ирска најмалку (ИНФОГРАФИК)

Според податоците на Еуростат, Естонија троши најмногу од својот БДП за одбрана или 2,1 проценти. Обврската на членките на НАТО е да одвојат најмалку 2 проценти од нивниот БДП за одбрана, а само Естонија и Грција го исполнуваат овој услов од членките на ЕУ, кои исто така се дел од НАТО.

Во 2019-та година, расходите на општата влада на земјите-членки на ЕУ за одбрана изнесуваат 168,5 милијарди евра, што претставува 2,6 проценти од вкупните расходи на општата влада. Тоа е еквивалентно на 1,2 проценти од БДП-то.

Од 2014-та година, учеството на трошоците за одбрана во вкупните државни трошоци е малку зголемено, додека процентот на БДП-то остана стабилен на 1,2 проценти од БДП, според Еуростат.

Естонија троши најмногу за одбрана, а Ирска најмалку

Естонија (2,1 проценти) и Грција (2 проценти) трошат најмногу за одбрана во ЕУ, потоа следуваат Летонија, Кипар, Франција, Романија, Литванија, Полска и Холандија, од кои сите трошат повеќе од просекот на ЕУ.

Ирска троши најмалку за одбрана, само 0,2 отсто, а Луксембург, Австрија, Малта, Португалија, Шпанија, Белгија и Чешка исто така трошат помалку од 1 отсто.

Во средината на рангирањето се Унгарија, Хрватска и Словенија кои трошат 1 отсто од БДП-то за одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП