Производителот на автомобили „Stellantis“ ги продолжува паузите во производството во неколку фабрики во Европа, поради недостаток на микрочипови, изјави портпаролот на компанијата, цитиран од „Reuters“.
Автомобилските компании, кои сѐ повеќе зависат од таквите компоненти, се соочуваат со жестока конкуренција од индустријата за полупроводничка електроника, која беше погодена од серија проблеми во синџирот на снабдување за време на пандемијата со коронавирусот.

