26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот „Mercedes-Benz GLC“ ја предводи офанзивата на брендот

Новиот „Mercedes-Benz GLC“ ја предводи офанзивата на брендот

Германскиот производител „Mercedes“ се подготвува да претстави нова палета на производи кои ќе се разликуваат од сѐ што е видено досега во историјата на брендот. Таа ќе вклучува хибридни модели и електрични автомобили, но еден од најважните автомобили во него е новата генерација на кросоверот „GLC“, пренесува „AutoExpress“.

Британското издание ја објави и својата визија за изгледот на автомобилот, кој ќе се појави на пазарот во 2022-ра година. Во моментов, околу 43% од продажбата на „Mercedes“ во светот отпаѓа на теренските возила и ова ги тера шефовите на компанијата толку многу да се потпираат на кросоверот, кој ќе се натпреварува со „Audi Q5“ и „BMW X3“.

Новиот „GLC“ ќе биде најновата генерација на модел со мотор со внатрешно согорување, базиран на платформата „Modular Rear Architecture 2“ (MRA2), која е споделена со новите седани од „C- Class“ и „S-Class“. Кросоверот ќе добие 4-цилиндрични бензински и дизел мотори, помогнати од 48-волтен хибриден систем. Ќе има и нов „plug-in“ хибрид кој ќе биде помоќен од сегашната верзија на „GLC 300“.

Моделот ќе добие и целосно редизајниран ентериер, кој донекаде ќе го повтори оној на новата генерација на „C-Class“. Според тоа, најновиот „MBUX“ инфозабавен систем ќе игра клучна улога во него.

„Mercedes-Benz“ планира да објави 19 нови модели до 2024-та година. Првиот од нив ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Минхен, кој започнува за нешто повеќе од една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП