29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари би имал Никола Тесла, ако сакаше пари?

Колку пари би имал Никола Тесла, ако сакаше пари?

Никола Тесла има регистрирано повеќе од 700 патенти во 35 земји низ светот, и многу од овие пронајдоци донесоа напредок и просперитет на човештвото. Сепак, Тесла, кога почина во Њујорк, беше без пари и ако сакаше пари ќе беше еден од најбогатите во светот.

Сепак, Американците, кои се вреднуваат преку доларот, пресметаа колку богат би бил Тесла ако трчал по парите или ако некои луѓе на кои им ги продал своите патенти се воопшто искрени.

Така, американскиот публицист Брајан Ворнер пишува дека било сосема логично Тесла да стане најбогатиот човек на планетата додека бил жив.

Ворнер наведува дека штом Тесла дошол во Америка, се вработил во “Едисон Џенерал Електрик”, каде што неговата плата била 18 долари неделно, што е денес околу 500 долари. Едисон, исто така, му понудил на Тесла бонус од 50.000 долари ако надгради одреден систем, што е околу милион денешни долари, што овој без голема мака го направил.

„Тесла, ти не го разбираш америчкиот хумор“, рече Едисон и одби да го плати ветениот бонус нудејќи му покачување од 10 долари. Тесла одбил и си дал остаз!

Во 1888 година, Тесла му понудил патент за електромотор на Џорџ Вестингхаус. Добил 60.000 долари, што е околу 1,4 милиони американски долари во денешни пари, плус 150 акции од заработката од патентот и 2,5 долари за секоја коњска сила. Договорена е и плата од 2.000 долари месечно, што би изнесувало околу 50.000 долари во денешни пари.

До неговиот 35 -ти роденден, Тесла заработил милион долари само од акциите! А милионот од 1890 година, тврди американскиот автор, што е лесно да се пресмета, е еквивалентен на сегашни 25 милиони долари.

Следело војна помеѓу Едисон и Вестингхаус (Тесла), која ја водел вештиот заговорник Едисон со сите можни средства, па Вестинхгаус за малку ќе банкротирал. Меѓутоа, при напуштање на компанијата, Тесла платил 216.000 долари за патент со наизменична струја, што е околу 5,4 милиони во денешни долари.

Само патентите поднесени од Тесла во 1907 година вределе, според банкарите од САД во тоа време, 12 милиони долари, што во сегашни пари е 300 милиони долари.

Прецизно е пресметано дека доколку Вестингхаус продолжил да му плаќа на Тесла заработка од акциите заработени само од електрификацијата на Америка, Тесла ќе беше првиот милијардер на планетата во тие години.

Во исто време, по 1910 година, Тесла би инкасирал најмалку една милијарда долари од хонорарот за неговиот патент, кој им овозможи на Американците да имаат електрична енергија. Ова значи дека само од тој еден патент до 1943 година, кога тој починал, околу 35 милијарди долари од тогашни пари ќе „легнеле“ на сметката на Тесла.

Инфлаторниот калкулатор покажа дека сега ќе вределе вртоглави 518.716.184.971 долари.

Така, Тесла би бил најбогатиот човек на планетата со само еден патент!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП