25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАОтказ за вработените во училиштата во Словенија доколку одбијат ковид-тестирање

Отказ за вработените во училиштата во Словенија доколку одбијат ковид-тестирање

На вработените во училиштата во Словенија им се заканува отказ доколку одбијат да направат ковид-тест.

Според медиумите, во таа земја за една недела започнува новата учебна година, а директорите на училиштата добиле документ според кој одбивањето на вработените да бидат тестирани за коронавирус може да биде причина за отказ.

Ваквото правило е во сила за сите вработени во училиштето, што значи дека оние кои не биле вакцинирани или имале Ковид-19 мора да се тестираат секоја недела, што е дефинирано како работна обврска во циркуларното писмо од Министерството за образование.

Неоправданото одбивање за тестирање ќе се смета за прекршување на обврската за вработување, што значи дека на работникот му се издава писмено предупредување пред отпуштање или ќе биде започната постапка за отпуштање, а истото важи и доколку вработениот одбие да носи заштитна маска, објаснуваат од министерството.

Од друга страна, ако ученикот не носи маска, не смее да му се забрани влез во училницата, но директорот мора да ги извести неговите родители за оваа обврска и да го достави случајот до инспекторатот.

Епидемиолошката состојба во Словенија се влошува во последните недели, па затоа државата ќе влезе во „црвена“ фаза кон крајот на оваа недела, а темно црвена кон средината на септември според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ), предвидува институтот Јожеф Штефан, пренесуваат медиумите.

Сепак, владата на Словенија не планира големи затворања на социјалните и економските активности и образовниот систем во есен и зима, бидејќи смета дека ситуацијата може да се држи под контрола преку доследна примена на мерките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП