26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУраганот Ида предизвика огромни штети во Луизијана(ВИДЕО)

Ураганот Ида предизвика огромни штети во Луизијана(ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина, а многу делови од Луизијана останаа без електрична енергија во налетот на ураганот Ида. Многумина бараат помош оти нивните куќи се опкружени со вода. Постои опасност од поплави.

Ураганот Ида, кој во неделата стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од речиси 240 километри на час, предизвика високи бранови, што поплавија голем дел од брегот, а во меѓувреме ослабна на категорија 1.

На социјалните мрежи се поставени драматични сцени – покрив на болница носен од ветрот, плачот на луѓето што велат дека околу нив има вода, нема струја.

„Не можеме да стигнеме до жителите на кои им е потребна помош“, изјави за Си-ен-ен градоначалникот на еден мал град, Џин Лафит.

„Градот е тотално уништен, има многу луѓе што не може да одат никаде, а ниту ние не можеме да стигнеме до нив. Ветерот е премногу силен и не можеме да испратиме чамци за спасување бидејќи е многу опасно, а животот на спасувачите би биле во опасност. Пробавме со камиони, но ниту тие не можат“, предупредуваат службениците од спасувачките екипи.

Досега, според некои информации, евакуирани се речиси 1.500 луѓе, но неколку стотици остануваат заробени.

Во моментот во Луизијана има нешто повеќе од милион луѓе без електрична енергија, а во соседниот Мисисипи има околу 50.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП