10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛуѓето се несреќни поради Facebook

Луѓето се несреќни поради Facebook

F

„Facebook“ не прави несреќни, а пропорционално на порастот на нашите пријатели во социјалната мрежа, се намалува бројот на реалните пријатели. До овој заклучок дојдоа научниците од САД по истражувањето кое го направија.

Користењето на социјалната мрежа „Facebook“ им помага на луѓето да создадат впечаток дека се секогаш во контакт со некого, но не ги прави среќни. Според експертите од Универзитетот во Мичиген, колку повеќе време луѓето поминуваат на социјалната мрежа, толку помало е задоволството од нивните животи. Луѓето не се чувствуваат посреќни, ако одржуваат контакт со стотици виртуелни пријатели.

„Се чини дека „Facebook“ обезбедува исклучително вредни можности за задоволување на основната човечка потреба за комуникација. Но, наместо да го зголемува задоволството од животот, тоа води до обратен резултат и го намалува тоа задоволство“, коментира социјалниот психолог Итан Крос од Институтот за социјални истражувања при Универзитетот во Мичиген.

Во исто време активноста во социјалната мрежа може да доведе до губење на сосема реални пријателства. На прво место – оставајќи пораки на ѕидот на вашите пријатели, ја губиме идеја за реалното време во кое не комуницираме со истите.

Истражувањето покажа уште дека хиперактивноста на одреден корисник на „Facebook“, кој постојано споделува слики и статуси, всушност дава обратен ефект и ги одбива реалните негови пријатели. А виртуелениот идентитет кој корисникот го создава на „Facebook“ го дислоцира од реалната личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП