20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАИзраелците кои нема да примат трета доза нема да се сметаат за...

Израелците кои нема да примат трета доза нема да се сметаат за вакцинирани

Израелските власти одобрија употреба на трета доза вакцина против коронавирус за сите граѓани кои примиле по две дози, во обид да го спречат ширењето на многу заразниот делта сој.

Од денес, секој што ја примил втората доза пред пет месеци, има можност да се вакцинира со третата, „бустер“ доза.

Само одредени возрасни категории граѓани можеа да ја примат третата доза од вакцината во претходните недели.

Израелците кои нема да ја примат третата доза, нема да се сметаат за вакцинирани ако поминале повеќе од шест месеци откако ја примиле втората доза.

Израел се подготвува да ги отвори училиштата во среда, додека здравствените власти бараат ограничување на собирите за да се избегне зголемување на бројот на сериозно болни луѓе од коронавирус.

Израелските власти наведуваат дека болниците се преоптоварени и дека бројот на пациенти кај нив е „многу вознемирувачки“.

Во болниците има 1.175 пациенти, од кои 726 се во тешка состојба, а 149 на респиратор. Бројот на пациенти во сериозна состојба е најголем од март, а оние на респиратор од почетокот на април.

Израелските власти објавија дека нема да има таканаречено „затворање“ по повод претстојната Еврејска Нова година, која започнува утре на зајдисонце.

До денес, 1,95 милиони Израелци примиле три дози од вакцината, 5,5 милиони две, и речиси шест милиони само првата доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП