25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНаучниците открија нов остров, тоа е сега најсеверната копнена точка на светот

Научниците открија нов остров, тоа е сега најсеверната копнена точка на светот

Група научници веруваат дека со голема среќа го откриле најсеверниот остров во светот, крај брегот на Гренланд.

Научниците во кули одлетале на островот Оодаак за да соберат примероци, верувајќи дека тоа е познато од 1978 година, но кога ја провериле својата позиција, откриле дека се 800 метри северно од она што се мислело, пренесува Би -Би -Си.

Тие тврдат дека островот со димензии 60х30 метри е најблиската копнена точка до Северниот пол.

„Островот беше откриен за време на данско-швајцарската истражувачка експедиција координирана од мене“, изјави за Би-Би-Си водачот на научниот тим Мортен Раш од Арктичката станица во Гренланд, професор на Универзитетот во Копенхаген.

Гренланд е огромна автономна арктичка територија што припаѓа на Данска.

Гренланд неколку пати се најде на насловните страници во последниве години, бидејќи поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година предложи САД да ја купат таа територија.

Данска веднаш ја отфрли идејата како „апсурдна“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП