1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSunWireless и спортската арена „Борис Трајковски“ имплементираа безжична ...

SunWireless и спортската арена „Борис Трајковски“ имплементираа безжична (Wi-Fi) мрежа со висока густина – прва во регионот

SunWireless WiFi Boris Trajkovski

Водечкиот Wi-Fi мобилен оператор во Македонија, SunWireless, со задоволство објавува дека е потпишан договор со „Борис Трајковски“, најголемата спортска арена во Македонија и една од најголемите во регионот, со кој се овозможи SunWireless да инсталира Wi-Fi мрежа со висока густина во арената.

 

Арената Борис Трајковски, со максимален капацитет од 8.000 седишта е прва во Југоисточна Европа и најнова меѓу елитните спортски локации во светот кои инсталирале ваква врвна Wi-Fi технологија. Со тоа, арената  им се придружува на стадионите како Сантијаго Бернабе во Мадрид,  Етихад во Манчестер , O2 арената во Лондон, како и Жилет Стадионот во Бостон, САД.

 

Весна Стојановска, управителот на SunWireless, изјави: ” Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе им биде достапна на посетителите на Арената и драстично ќе го подобри севкупното искуство кое го нуди овој простор и со тоа ќе ги охрабри посетителите да ја споделат возбудата на играта со нивните пријатели и семејството.

Натпреварите и концертите во живо се социјални настани кои нудат големо задоволство и нам ни е навистина драго што можеме да им понудиме на навивачите и посетителите ваков систем кој ќе им овозможи подобро искористување на нивните мобилни и таблет уреди во самата Арена. Ова не е само престижна зделка, ова е технички предизвик за нас и ние сме навистина среќни што спортската арена “Борис Трајковски” препозна во SunWireless лидер на пазарот”.

 

Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе помогне во елиминирање на проблемите со конекција во самата Арена и ќе им овозможи на посетителите подобар пристап до информациите за услугите на Спортскиот Центар, информации за спортските клубови, информациите за клубските апликации, претстојните настани и севкупно ќе придонесе за подобра online вклученост на посетителите.

 

 

 

 

 

 

 

 

За SunWireless

SunWireless е водечки провајдер на безжичен интернет во Македонија со над 550 хотзони во земјата и во моментов сè поагресивно ја шири својата мрежа кон Косово, Албанија, Србија и Грција.

SunWireless нуди мобилност со своите при-пејд и пост-пејд интернет пакети, кои се така дизајнирани да можат да се вклопат во потребите на мобилниот клиент, а при тоа нуди и големопродажба на Wi-Fi мрежата и услуги за роаминг на податоци на своите телекомуникациски партнери.

SunWireless има потпишано договори за деловна соработка со ONE, iPass, Boingo, Skype, Аеродромите на ТАВ, најголемите македонски хотели, ЈСП Скопје, главната автобуска станица, студентските домови, многу ресторани, кафулиња итн.

 

http://www.sunwireless.com.mk

 

 

За спортскиот центар “Борис Трајковски“

Спортскиот центар Борис Трајковски е најголемата повеќенаменска затворена спортска арена во Македонија. Таа се наоѓа во Скопје, главниот град  на Македонија и  го носи името на трагично загинатиот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски.

Максималниот капацитет на седишта за ракомет е 6.000 a за кошарка 8.000.

Арената е дом на македонската кошаркарска репрезентација, македонската ракометна репрезентација и македонската одбојкарска репрезентација.

http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/

 

 

 

 

За повеќе информации :

Борис Ефтимовски, маркетинг менаџер на SunWireless

boris@sunwireless.com.mk    +389(0)76 346 400

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП