5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Недвижнините паднаа до 30 отсто

Словенија: Недвижнините паднаа до 30 отсто

slo

Цените на недвижнините во Словенија паднаа од 10 до 30 отсто во последните три години, откако е формиран единствен регистар.

Вредноста на становите и деловните простории најмногу паднаа во центарот на Љубљана и другите поголеми градови.

-Податоците за движењето на цените на пазарот е во согласност со нашите очекувања и меѓународните искуства, изјави Мартин Смодиш од геодетската управа за вреднување на имот.

Според податоците на Геодетската управа, објавени се податоците на интернет, односно пазарната вредност на недвижнините во последните три години.Најмногу паднале цените на локациите каде што биле најскапи недвижнините.

Така, во центарот на Љубљана,Постојна,Нова Горица и на уште некои локации, реалната вредност на становите во однос на 2010 година се намалила за 16 до 17 проценти, а значително се намалени и деловните простори.

Четвртина од својата вредност изгубија и градежните земјишта на некои локации на словенеќкиот брег, во околината на Блед и Бохињ, како и во Крањска Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП