22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИХибридната работа ја поддржа прогнозата на „Salesforce“

Хибридната работа ја поддржа прогнозата на „Salesforce“

„Salesforce.com“ сугерираше дека фокусот на хибридните операции ќе ја задржи побарувачката за софтвер базиран на облак во третиот квартал, откако ги надмина очекувањата на пазарот за нејзиниот профит за периодот од мај до јуни, пренесува „Reuters“.

Приходите на развивачот на софтвер за претпријатија не престанаа да растат во последната година, а подемот на автоматизацијата и вештачката интелигенција најверојатно ќе го забрзаат интензитетот, иако кампањите за вакцинација продолжуваат и се отвораат некои канцеларии.

Серија превземања, вклучително и на „Slack“, и помогнаа на „Salesforce“ да се заштити од конкуренцијата од традиционалните играчи како што се „Oracle“, „Microsoft“ и германскиот „SAP“.

„Нашата платформа „Customer 360“ сега се напојува со група еднорози (компании со пазарна капитализација од над 1 милијарда долари), кои се совршено дизајнирани за овој целосно дигитален свет“, рече извршниот директор Марк Бениоф.

Приходите за вториот квартал завршен на 31-ви јули се зголемија за 23% до 6,34 милијарди долари, надминувајќи ја прогнозата од 6,24 милијарди долари, според „Refinitiv“.

Без некои ставки, компанијата заработи 1,48 долари по акција, додека аналитичарите очекуваа 92 центи по акција.

„Salesforce“ со седиште во Сан Франциско проценува дека приходите од третиот квартал од фискалната 2022-ра година ќе бидат помеѓу 6,78 милијарди и 6,79 милијарди долари, над очекуваните 6,66 милијарди долари.

Компанијата тврди дека нејзиниот профит ќе биде помеѓу 91 и 92 центи по акција, во споредба со прогнозата од 82 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП