26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАЈапонија ја суспендира вакцинацијата со „Модерна“ како мерка на претпазливост поради присуство...

Јапонија ја суспендира вакцинацијата со „Модерна“ како мерка на претпазливост поради присуство на страно тело: „Се сомневаме во метални честички“

Страниот елемент пронајден во серијата вакцини на компанијата „Модерна“ против ковид-19 доставени во Јапонија, најверојатно е метална честичка, објави денеска јапонската телевизија НХК, повикувајќи се на извори во јапонското Министерство за здравство.

Извори од Министерството наведуваат дека честичката реагирала на магнетите и дека поради тоа постои сомневање дека станува збор за метал, пренесува Ројтерс.

Шпанската фармацевтска компанија „Рови“, која ги пакува вакцините на „Модернa“ во шишиња за пазарите надвор од САД, објави дека контаминацијата може да биде последица на проблем со производствената линија и дека спроведува истрага.

Јапонското министерство објави дека употребата на серија од тие вакцини е суспендирана како мерка на претпазливост, што доведе неколку јапонски компании да ја откажат вакцинацијата на работниците, а европскиот регулатор за лекови да започне истрага.

Јапонија вчера престана да користи 1,63 милиони дози од вакцината против коронавирусот од компанијата „Модерна“, откако беше откриено дека „страни материјали“ има во некои ампули.

Извештајот за контаминација пристигнал од осум центри за вакцинација во пет јапонски префектури, а присуството на страни материи било потврдено во 39 ампули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП