20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСтрав, очај и турканици на аеродромот во Кабул(ВИДЕО)

Страв, очај и турканици на аеродромот во Кабул(ВИДЕО)

Во снимка објавена утрово на социјалните мрежи, а направена во близина на аеродромот во Кабул, известувач за светските агенции, напиша: „Вака изгледа очајот.

Мноштво луѓе утрово на аеродромот во Кабул, и покрај вчерашниот масакр. Велика Британија и САД предупредуваат за нови напади”, напиша новинарот Гај Елстер.

Според извештаите на светските медиуми, неколку западни земји објавиле дека превозот од Кабул засега е завршен, а според натписите, САД ги затвориле влезовите на аеродромот и спречиле понатамошно заминување на десетици илјади Авганистанци кои работеа за западните земји изминатиот период.

Американските власти велат дека има околу 5.200 американски војници на аеродромот „Хамид Карзаи“.

Пред нападот, САД и сојузниците апелираа до Авганистанците да ја напуштат областа околу аеродромот поради закана од милитантите на Исламската држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП