6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Axel Spinger“ го купува „Politico“

„Axel Spinger“ го купува „Politico“

Германскиот медиумски гигант „Axel Spinger“ објави дека ќе го купи „Politico“, засилувајќи ја кампањата за изградба на американска новинска империја, пишува Bloomberg.

„Axel Spinger“ ќе плати повеќе од 1 милијарда долари за договорот, според извор запознаен со оваа работа, кој сакаше да остане анонимен. Покрај тоа, компанијата ги купува 50-те проценти што не ги поседува од „Politico Europe“, како и технолошката веб-страница „Protocol“, се вели во нејзиното соопштение. Се очекува договорот да биде финализиран во четвртиот квартал.

Компаниите не ги откриваат условите од договорот.

Стекнувањето на „Politico“ е дел од серијата договори за американските медиумски компании во изминатите неколку години. Во 2014-та година, „Axel Spinger“ формираше заедничко вложување со „Politico“ за да ја лансира европската верзија на веб-страницата. Во 2015-та година го купи „Business Insider“, а минатата година „Axel Springer“ се здоби со мнозински удел во „Morning Brew“, кој нуди билтени.

Политико е основан во 2007-ма година и, како што сугерира неговото име, ја отсликува политичката ситуација. Иако повеќето написи се бесплатни, компанијата објавува вести и анализи под брендот „Politico Рro“ за претплатници.

Индустријата за дигитални медиуми се консолидира бидејќи огласувачите насочуваат сѐ повеќе од нивните буџети кон технолошките гиганти како „Facebook“ и „Google“. Минатата година, „BuzzFeed“ го купи „HuffPost“ од „Verizon Communication“. Во 2019-та година, „Vice Media“ ја купи „Refinery29“, а „VoxMedia“ потпиша договор за „New York Media“, матичната компанија на „New York Magazine“.

„Axel Spinger“ е издавач на германскиот весник „Bild“. Во 2020-та година, компанијата стана приватна преку договор предводен од американската акционерска фирма „KKR & Co“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП