3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДерипаска бара од Црна Гора оштета од милијарда евра

Дерипаска бара од Црна Гора оштета од милијарда евра

deripaska oleg

Компанијата на Олег Дерипаска „En + Group“ подготвува тужба во меѓународните судови против владата на Црна Гора. Побарувањата на Дерипаска се во вкупна вредност од 1 милијарда евра.

Тие се поврзани со фалсификувањето на финансиските извештаи за стечај на фабриката за алуминиум „KAP“ во Подгорица, соопштуваат денес црногорските медиуми, кои го цитираат поранешниот извршен директор на фабриката, Јуриј Мојсиеев.

„Ги најмивме водечките светски правни компании со кои заеднички подготвуваме голем број докази против владата на Црна Гора и ќе ги доставиме пред меѓународните арбитражни судови“, соопшти холдингот „En + Group“, додавајќи дека делата ќе бидат заведени во Франкфурт.

„Вкупниот износ на побарувањата изнесува до една милијарда евра“, се вели во соопштението.

Според компанијата, Црна Гора грубо го прекршила договорот од 2009-та година, особено во иницијативата за прогласување на фабриката во стечај, затоа што земјата не ги исполни своите обврски за обезбедување на субвенции за производство на електрична енергија и ги прекршила правата на инвеститорите.

Владата на Црна Гора не се согласува со тврдењата на „En + Group“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП