27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГрешки за време на интервју за работа

Грешки за време на интервју за работа

job-interview

Грешки за време на интервју за работа

Разговорот со работодавецот е често поважна работа од CV-то. Затоа намалета ја можноста за оставање лош впечаток: не ги озборувајте поранешните работодавци и не расправајте за политика.

 

Одбивање на телефонско интервју

Работодавците понекогаш можат да ги проценат кандидатите за работа и по телефон.Многу од нив поради недостаток на слободно време прелиминарните разговори ги спроведуваат преку телефон.Ако сте од оние кои не се јавуваат на непознати броеви или одбивате да разговарате на тој начин, тврдоглаво инсистирате да се видите, можете да пропуштите одлична прилика.

 

Споменување на други можности за работа

Ако сте конкурирале на неколку места за работа или истовремено преговарате со повеќе работодавци, немојте тоа да го потенцирате во текот на разговорот.Така работодавецот ќе знае дека имате и други опции и работното место ќе го даде на некој ,,посигурен” кандидат.

 

Зборување за социо-политички проблеми

Сигурно сте многу лути бидејки не можете да се вработите, а сте образовани, искусни и способни за одредена професија.Сепак фрлање ,,дрва и камења” на општествениот и политички систем не е добар потег, бидејки со тоа покажувате дека сте очајни, и дека кривицата ја префрлате на друг.Разговорот за интервју за работа може да тргне во погрешен правец, но имајте на ум дека вие сте тука за да ја добиете работата.

 

Озборување на претходните работодавци

Најверојатно во текот на интервјуто ќе прашаат за претходното искуство,компанијата во која сте работеле или шевовите, обидете се да се воздржите од критики, дури и кога сте претрпеле одредена неправда.Смирено и во само неколку зборови образложете во што бил проблемот, бидејки она што ќе се преќути остава појак впечаток кон соговорникот отколку кога нешто отворено ќе се каже.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП