Заштитата од „Ковид-19“ обезбедена од двете дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува да опаѓа во рок од шест месеци, открија британските научници, па најверојатно ќе биде потребна ревакцинација.
По пет до шест месеци, ефективноста на вакцината против коронавирус на Фајзер во рок од еден месец по втората доза се намалил од 88 на 74 проценти, се вели во анализата на податоците собрани во британската студија ZOE COVID.
За вакцината АстраЗенека, ефективноста се намали од 77 на 67 проценти по четири до пет месеци.
Истражувањето се базира на податоци добиени во повеќе од 1,2 милиони тестови.
Претходните анализи на податоците сугерираа дека вакцините обезбедуваат заштита најмалку шест месеци.
Во најлош случај, заштитата може да падне под 50 проценти за постарите луѓе и здравствените работници до зима, рече водечкиот научник во таа студија Тим Спектор.
„Тоа укажува дека треба нешто да преземеме. Не можеме само мирно да гледаме како заштитата полека опаѓа, додека бројот на новозаразени е се уште толку висок колку и шансите за инфекција “, рече тој за Би -Би -Си.
Британија подготвува план за вакцинација подоцна оваа година, откако главните научни советници проценија дека од септември можеби ќе треба да ги вакцинираат со трета доза старите лица и најранливите групи.