26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАЕфикасноста на вакцините Фајзер и Модерна се намалува на 66 проценти против...

Ефикасноста на вакцините Фајзер и Модерна се намалува на 66 проценти против делта сојот

Ефикасноста на вакцините Фајзер и Модерна се намали од 91 на 66 проценти откако во САД преовладува делта варијантата на вирусот, според податоците објавени од американските власти за јавно здравје во вторникот.

Овие податоци доаѓаат од студија спроведена врз илјадници вработени во здравствени центри и болници во шест американски држави за да се тестира ефикасноста на вакцината во реални услови.

Учесниците беа испитувани неделно за да откријат симптоматски и асимптоматски инфекции.

Речиси сите вакцинирани здравствени работници ја примија вакцината Фајзер или Модерна.

Помеѓу декември 2020 и април 2021 година, ефективноста на вакцината во спречувањето на инфекцијата изнесува 91 процент, според податоците објавени од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), главната федерална агенција за јавно здравје во земјата.

Но, во неделите кога преовладувал делта сојот, што значи дека е одговорен за повеќе од 50 проценти од случаите, ефективноста се намали на 66 проценти.

Авторите на студијата, сепак, предупредуваат дека причината за овој пад не е само делта сојот, туку и фактот дека ефективноста на вакцината слабее со текот на времето.

„Иако привремените податоци сугерираат умерено намалување на ефикасноста на вакцината „Ковид-19 “ во спречување на инфекција, фактот дека инфекциите се уште се намалуваат за две третини, зборува за важноста и придобивките од вакцинацијата“, пишуваат авторите.

Податоците објавени во вторникот не прават разлика помеѓу вакцините на Модерна и Фајзер.

Намалената ефикасност во сузбивање на делта сојот укажува на неколку студии, иако точните бројки во студиите се разликуваат.

Друго истражување објавено од ЦДЦ во вторникот, спроведено врз пациенти во Лос Анџелес помеѓу почетокот на мај и крајот на јули, покажува дека невакцинираните луѓе имале 29 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани отколку вакцинираните луѓе.

Делта се прошири во САД на почетокот на јули и во моментов е одговорен за повеќе од 98 проценти од инфекциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП