26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРимац го најави новиот „Bugatti“: Може да направам нешто лудо

Римац го најави новиот „Bugatti“: Може да направам нешто лудо

Се шпекулира со години, дури и децении, дека „Bugatti“ може да понуди седан, можеби дури и SUV, но сигурно ќе има барем уште еден модел.

Шпекулациите сега завршија бидејќи Мате Римац за „Motor Trend“ откри како треба да изгледа иднината на „Bugatti“.

Пред две години, Мате ја сметаше идејата дека може да биде шеф на „Bugatti“, како невозможна, а сега активно учествува во креирањето на иднината на производителот на најпрестижните хиперспортски автомобили.

Реномираното списание вели дека Мате е нов „шериф“ кој сака и може да направи нешто многу повеќе од „Bugatti“, па во својата гама гледа различни модели и, очекувано, електричен или барем со електрифициран погон.

„Можам да направам нешто лудо“, ги најави Мате промените во компанијата, а потоа малку се отвори: „Можете да направите многу со таа марка. Можеби теренец или купе со долга хауба или нешто апсолутно лудо за кое никој не размислува“.

Тука работите се јасни. Римац ќе развие два нови модели на „Bugatti“, до 2030-та година. Првиот е бензински-електричен хибрид, а вториот е електричен модел. Мате јасно објаснува дека „VW“ е премногу голем и дека неговиот развој на хиперспортски автомобил би чинел милијарди. Како производител на мала серија, ќе може да го оптимизира развојот и, што е најважно, нема да биде ограничено на бензинскиот мотор W16.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП