25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа милиони Авганистанци им се заканува глад

На милиони Авганистанци им се заканува глад

Милиони Авганистанци се изложени на ризик од глад поради комбинацијата на конфликти, суша и пандемија со коронавирусот, изјави во вторникот шефот на Светската програма за храна (ВФП), повикувајќи ги политичките лидери да дејствуваат итно.

„Пристигнува бурата над сите бури поради неколкугодишната суша, конфликтите, економскиот колапс, влошенувањето на состојбата со Ковид-19“, рече Дејвид Бисли.

„Бројот на луѓе изложени на ризик од глад сега се искачи на 14 милиони“, рече тој.

СФП предупреди дека Авганистан е во опасност од хуманитарна катастрофа доколку таа агенција на Обединетите нации не успее да собере 200 милиони долари до септември.

Авганистан се соочува со економски колапс откако странските земји и институции објавија дека ќе ја прекинат помошта и резервите во готовина откако Талибанците го зазедоа главниот град Кабул на 15-ти август.

Бисли рече дека меѓународната заедница се соочува со многу тешки одлуки и предупреди дека Авганистанците ќе бидат „пекол на земјата“ доколку се влоши економската ситуација.

„На народот во Авганистан итно му е потребна помош“, рече тој.

Бројот на луѓе на кои им е потребна помош од СФП може да се удвои доколку меѓународната заедница „им сврти грб“ на Авганистанците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП