Од 1 септември граѓаните ќе можат да ја поминат македонската граница само доколку достават ПЦР тест, сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид направен 72 часа пред влезот, соопшти Владата по денешната седница.
„Домашните и странските државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат: Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија“, информираа од Владата по денешната седница.

