25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАЗаразените со делта сојот имаат 300 пати поголемо вирусно оптоварување

Заразените со делта сојот имаат 300 пати поголемо вирусно оптоварување

Луѓето заразени со делта варијанта на коронавирусот имаат 300 пати повисоко вирусно оптоварување од оние со оригиналната варијанта, покажа јужнокорејската студија.

Сепак, постепено се намалува со текот на времето, до 30 пати повисоко за четири дена и над 10 пати за девет дена, и се совпаѓа со вирусното оптоварување како кај другите варијанти на вирусот по 10 дена, објави Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA).

Повисокото вирусно оптоварување значи дека вирусот се шири многу полесно меѓу луѓето, зголемувајќи го бројот на заразени и хоспитализирани, рече на прес-конференција службеникот на Министерството за здравство, Ли Санг-вон.

„Но, тоа не значи дека делта варијантата е 300 пати повеќе заразна … Мислиме дека нејзината стапка на репродукција е 1,6 пати повисока од алфа варијантата и околу двапати поголема од оригиналната варијанта“, рече тој.

Делта варијантата за првпат беше идентификувана во Индија, а алфа во Британија.

Истражувачите го споредија вирусното оптоварување кај 1.848 пациенти заразени со делта варијанта со вирусно оптоварување на 22.106 лица заразени со другите варијанти.

Јужна Кореја во понеделникот пријави 1,509 нови инфекции, со што бројот се искачи на 239,287, при што починаа 2,228 луѓе.

Со првата доза вакцинирани се 51,2 проценти од 52 милиони жители, а 23,9 проценти се целосно вакцинирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП