15 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали пијаниот работник е добар работник?

Дали пијаниот работник е добар работник?

rabotnik

Дали работниците кои пијат се среќни? Еден суд дури тврди доколку работникот во текот на работното време се напие еден пијалок незначи дека ги крши правилата.

Судот во Португалија и нареди на една комунална компанија повторно да го врати својот вработен, откако го отпуштиле поради тоа што пијан пристигнал на работа.

Главната причина за враќањето на работникот повторно на работа е поради тоа што компанијата немала формална процедура поврзана со алкохолот на работното место. Но судот отишол и чекор понатаму сугерирајќи дека всушност може да имаат корист од пијаните вработени.

Причината се крие во тоа дека работникот под дејство на алкохол заборава на своите приватни проблеми и таквиот работник најчесто е среќен и знае да биде многу ефикасен. Од друга страна поголемиот дел од американските компании имаат прописи и често во договорите ставаат посебни белешки кои се поврзани со алкохолот.

Сепак повеќето тие договори не ги почитуваат. На пример, доколку вработените пијат едно пиво во текот на работното време, незначи дека нужно ги кршат правилата. Повеќето од казните и не се спроведуваат, нормално доколку не се работи за потешки случаи.

Алкохолот на работното место може да биде и опасен. Никој не сака пијан возач на тешка машина или непријатен мирис на алкохол да се шири во канцеларијата. Во секој случај, ограничени количини може значително да допринесат за среќни вработени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП